Дополнителна мерка ќе биде разгледана утре за влез и за излез од земјата, според која ќе се бара вакцинален сертификат, негативен ПЦР-тест или потврда за прележан ковид, соопшти на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.
-Менаџирањето на ситуацијата, како што посочува, индицира сериозна потреба од одговорност од страна на граѓаните, особено од денеска кога во сила стапуваат новите мерки. Процесот на вакцинација се одвива непречено на сите пунктови низ државата и се надеваме дека овој тренд на зголемена заинтересираност и натаму ќе продолжи. Повикувам на максимално почитување на мерките, држење дистанца, редовно водење на лична хигиена и вклучување во процесот на имунизација. Вакцините штитат од тежок тек на болеста, од смртен исход и го отежнуваат неконтролираното ширење на вирусот, рече Филипче.