Левица поднесе амандман на предлог измените на Деловникот со кој бара за време на Велигденските празници, пратениците кои учествуваат во работата од далечина, пред себе задолжително да имаат велигденско јајце.
Амандманот е поднесен од пратеникот Борислав Крмов од Левица.
Според владеачкото мнозинство, ова е обид на опозицијата да ја блокира работата на Собранието за време на кризна состојба кога треба да се носат одлуки во корист на граѓаните.
За измените на деловникот поднесени се околу 3.000 амандмани.