“Во текот на вчерашниот ден, починати се тројца пациенти, еден пациент од Кочани, и двајца од Тетово. Пациентот од Кочани на возраст од 40 години бил примен во болница на 29 март без заболување, вториот починат пациент од Тетово е на 69-годишна возраст со тумор на мозок, а третиот починат пациент е на возраст од 65 години, исто така од Тетово без други минати заболувања“, соопшти министерот Венко Филипче.
На Инфективната клиника има примено 10 нови пациенти, вкупно 70, од кои осум се на механичка вентилација, а десет се со потешка клиничка слика. Излечени се 4 нови пациенти после 2 контролни теста.
Филипче појасни дека намалениот број новодијагностицирани се должи на тоа што е викенд и што пунктовите за тестирање работат со намален капацитет, а од денеска продолжуваат со целосен капацитет.
Техничкиот премиер Оливер Спасовски на пресот рече:
„Мора секој да даде придонес да ја минеме оваа фаза со колку што е помалку штети. Само заедно може да ја намалиме силата на офанзивата. Ние како земја го немаме поминато најлошто. За две до три недели според анализата на експертите ќе следи пикот со меѓу 2.000 и 2.500 заболени. Но најдобро е да се подготвуваме за повеќе а да ни се случат помалу, а не братно“, рече Спасовски.
Велигденските и рамазанските празници, нагласи Спасосвки, мораме и ќе ги поминеме дома.
“