Поранешниот батлер на принцот Чарлс, Грант Харолд, во интервју зборувал за вниманието кое го добивал од тогашниот шеф.
Работел за Чарлс и Камила седум години и вели дека добивал честитка секој Божиќ.
„На Божиќ секогаш добивавме честитки од него. Пред да се ожени со Камила, се сеќавам дека добивме божиќни честитки од него, Хари и Вилијам. Тие секогаш беа посебни”, изјавил тој за британски Мирор.
Покрај честитките, често добивал и смешни подароци од Чарлс.
„Исто така, тој ни испраќаше мали забавни работи по пошта. Една година ми остави лименка лосос, а друга година ми остави сет за сол и бибер завиткан со лента. Веројатно добива многу подароци и понекогаш ни дава некои од нив“, рекол тој.
И Гранд Харолд му оставал подароци и честитки на шефот.
„Секогаш му пишував картичка и му оставав подарок. Се сеќавам дека немаше смисла да му дадам нешто скапо. Тешко е да се избере кога мажот има сè. Но знаев дека му се допаѓа медот, па му подарував тегла мед или бонбони од мед, нешто во кое знаев дека ќе ужива“, рекол тој.