Славниот актер Кристијан Бејл деновиве со семејството престојува на Миконос. На фотографиите од Грција, тој и неговата сопруга Сиби Блажиќ изгледаат вљубени како првиот ден.
Тие се во брак 23 години. Нивната приказна е една од најпознатите во Холивуд. Интересно е дека него и неговата драга ги запознала актерката Винона Рајдер.
„Во моето семејство сите беа разведени, па немав баш здрава идеја за бракот. Потоа ја запознав Сиби и одеднаш тоа ми се виде како одлична идеја“, изјавил тој.
Одлуката да се венчаат била повеќе од добар потег, нивниот брак поминува без ниту еден скандал што не е често на јавната сцена. Идилата во одредена мера ја нарушила приказната дека Бејл наводно го прекинал контактот со мајка му поради Сиби затоа што таа и неговата сестра не ја поддржувале врската со познатата бринета.
Сепак, има многу поубави детали во оваа приказна и тоа оние поочигледните.
Инаку, Кристијан Бејл јавноста го знае по неговите познати и успешни улоги, а што се знае за Сиби Блажиќ?
Таа е актерка, шминкерка, поранешна манекенка и каскадерка. Дипломирала на Универзитетот во Јужна Калифорнија. Во 90-тите работела како асистентка на Винона Рајдер. Нејзиниот сопруг во една прилика кажал дека е восхитен од нејзините каскадерски вештини. Најпозната е по филмовите „Ford v Ferrari“, „The Dark Knight Rises“ и „George of the Jungle“.
Сиби е родена во 1970 година во Чикаго. Нејзините родители Слободан Блажиќ и Надежда Топалски се од Белград, а пред да се преселат во САД се венчале на Врачар.
Кристијан Бејл откако ја запознал Сиби, чие вистинско име е Сандра Блажиќ, ја прифатил и православната вера. Пред 18 години ја добиле ќерката Емелин, а во 2019 година синот Џозеф.