Зајачица на „Плејбој“ се жали дека ја дискриминираат во авионите поради преголемите гради (ФОТО)

by Тони Зографски

Сара Блејк Чик, поранешна зајачица на Плејбој и модел на OnlyFans, ги обвини „Американ ерлајнс“ за дискриминација во однос на нејзиното тело и облека.

Инцидентот се случил минатата недела во Атланта, непосредно пред да се качи во авионот, кога, како што тврди таа, стјуардесата ѝ се заканила дека мора да ја закопча кошулата или нема да ѝ биде дозволено да се качи во авионот.

„Не и на другите жени во иста облека“

Плејбој зајачицата била облечена во црн топ под раскопчана жолта кошула, а комбинацијата ја надополнила со фармерки, високи чорапи и патики. Своето незадоволство го изразила на социјалната мрежа X, каде што објавила и фотографија од нејзината облека. „Не знаев дека „Американ ерлајнс“ има кодекс на облекување кој вели дека не можеш да носиш спортска облека ако имаш големи гради“, напишала таа.

Чик објаснила дека конфронтацијата се случила по напорен ден исполнет со откажани летови и доцнења. Таа тврди дека стјуардесата само ѝ пришла, иако другите патници носеле слична облека. „Сега стјуардесата ми вели да ја закопчам кошулата, но не и другите жени кои носат иста облека, само во различна боја од мојата“, истакна таа.

„Американ ерлајнс“ се извини

Откако нејзината објава предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, „Американ ерлајнс“ издаде извинување. „Имаме длабока култура на почит кон нашите клиенти и членови на тимот и жалиме за сè што е помалку од доследна и пријателска услуга. Ќе го споделиме ова искуство со менаџментот на екипажот интерно“, соопшти компанијата.

Тие исто така ја поканија манекенката да им ги даде своите контакт информации за да може „специјалист“ да го истражи нејзиниот случај подетално, предлагајќи евентуално враќање на парите.

Проблематичен кодекс на облекување

Ова не е прв пат „Американ ерлајнс“ да се соочи со обвинувања за својот кодекс на облекување, за кој критичарите велат дека е нејасен и дискриминаторски.

Правилата наведуваат дека патниците мора да бидат „соодветно облечени“, но дефиницијата за „соодветно“ останува отворена за толкување. Во 2022 година, поранешната Мис Универзум Оливија Кулпо беше замолена да се покрие затоа што носеше спортски маица, иако подоцна забележа друга жена во речиси идентична облека на која не ѝ беше забележено.

Комичарите Криси Мејр и Киану Томпсон имаа слично искуство една година подоцна, кога наводно биле принудени да се пресоблечат јавно пред лет.

Мејр носеше светкави панталони и кратка маица, додека Томпсон носеше маица во стил на градник и шлиц. И двајцата тврдат дека не им било кажано точно кое правило го прекршиле. „Човекот на излезот само ме допре по раката и ми рече: „Дојди со мене… мора да ги пресоблечеш панталоните“, се присети Мејр.

Обвинувања за расизам

Покрај контроверзноста околу кодексот на облекување, нејасните внатрешни политики ја доведоа Американ ерлајнс до федерална тужба. Во јануари 2024 година, осум црни патници беа исфрлени од лет од Феникс до Њујорк откако стјуардеса наводно се пожалила на „телесен мирис“.

Мажите не се познавале ниту седеле заедно, а компанијата никогаш не идентификувала за кого станува збор во жалбата. „Замислете стјуардеса да им нареди на сите бели лица да се симнат од авионот поради жалба за едно бело лице. Тоа никогаш не би се случило“, рекоа обвинителите во заедничка изјава.

останати вести