Во последните месеци обидите за самоубиства со труење со киселина се зголемени за 30 отсто, изјави д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија во гостувањето на Студио 10 во ТВ24.
“Состојбата во моментов е алармантна, кај голем дел од персоналот се јавија знаци, околу 20 осто се зафатени од болеста. Од 16 лекари, 4 лекари се позитивни, слично е и со сестрите. Тековните работи ни се зголемени, последниве неколку месеци суицидални обиди се зголемени, обидите за самоубиства со труење со киселина е зголемен за 30%. Психички полабилни особи овој притисок не можат да го издржат, вели д-р Беќаровски.
Според него, секој ден има напади на медицискиот персонал, протоколите создаваат дополнитена гужва, па добро е што пред сите центри ќе има војска и ќе се ублажи оваа состојба.
“Нови симптоми на Ковид 19 се појавуваат секој ден, кај голем дел од оние кои прележале во првиот бран се забележуваат знаци на затегање на срцевиот мускул и други проблеми. Треба да се очекуваа компликации од вирусов, тој ги зафаќа сите органи“ вели д-р Нико Беќаровски, од Клиниката за токсикологија во Студио 10 на ТВ24.