“ Зациментиран“ со пур пена автомобилот на доскорешната претседателка на Советот на Град Скопје (ФОТО)

by Тони Зографски

Доскорешната претседателка на Советот на Град Скопје Љубица Јанчева утринава го нашла нејзиниот автомобил „зациментиран“ со пур пена – објави таа  на својот Фејсбук профил.

Непознат сторител во текот на ноќта со градежен материјал кој служи за пополнување пукнатини ги прекрил хаубата и врата на нејзиниот автомобил.

“Вака ли мои сограѓани во Европа. Со заплашување?
Почнавте со чкртање…утрово ова?
Ваквиот чин е одраз на немоќ, градоначалнику Timco Mucunski безбедноста на граѓаните од другата опција е загрозена “ напиша Јанчева.

Како што се забележува од фотографијата другите автомобили на паркингот не се оштетени.

 

 

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com