“На територијата на бугарскиот зимски центар Банско има околу 200 странски туристи. Веќе контактиравме со амбасадорите на земјите од каде се туристите. Нивните граѓани ќе можат да го напуштат градот во рок од 24 часа“, изјави вицепремиерот и министер за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева за време на вонредниот брифинг во Советот на министри.
– Сите други ќе бидат во карантин, додаде таа.
„Две групи туристи од Велика Британија заминаа денеска. Има израелски туристи кои исто така заминуваат. Останаа малку странски туристи. Ќе обезбедиме контролиран пренесување на странските туристи до аеродромите, додаде таа.
Бугарскиот зимски центар Банско е под карантин и блокада, јави Бгнес. Тоа се случува по одлуката на Оперативниот штаб за борба со новиот коронавирус.
„Во Банско постои загрижувачки тренд на зголемување на заразата“, рече генерал-мајор Венцислав Мутафчиски.