Зафир Хаџиманов во интервју за курир.рс зборуваше за својот живот, за сопругата Сенка и синот Васил, а откри и дека поради грешка на хирургот останал без око.
-Кога влегов во осмата деценија од животот почнаа проблемите. Мислам, дека тоа се вика старост. Прво, по грешка на очните хирурзи останав без едното око, потоа на ред дојде срцето, а освен убавата куќа во Скопје од мајка ми наследив и дијабетис. Сега на 76 години почнав и да заборавам. Единствено што правам сега е пишувањето. Мојата здравствена состојба е несреќна, но благодарејќи на компјутерот целиот свет е мој. Ќе седнам па си играм со Фејсбукот, и пишувам за своја душа -вели Зафир во интервјуто за курир. рс и додава:
-Роден сум во Македонија, а српски научив подобро од неколку Срби. Јас се што правам, правам на два јазика. Спијам на два јазика, дишаш на два јазика, водам љубов на два јазика. Или поточно, водев љубов ха.ха.
Зафир во интервјуто вели и дека би сакал да добие награда за животно дело во Македонија, а открива и ако неговата сопруга Сенка добиела национална награда во Србија животот ќе му бил многу попристоен.
фото: курир.рс