„Денешниот тренд на ботокси, хирургија и опсесија со филтрирање на слики, се` што правиме за да го прилагодиме изгледот на Zoom, едноставно брише генерации и генерации убавина“, рече Џејми.

“Откако ќе направите нешто на лицето, не можете да го поправите. Се обидов со пластична хирургија и тоа не ми помогна. Тоа ме направи зависник од апчињата Викодин. Чиста сум веќе 22 години”, додала таа. Таа, исто така, нагласила дека ги користи социјалните мрежи само за да продаде производ и истакнува што е важно.

Актерката претходно признала дека била зависна од апчиња и алкохол. Таа започнала да ги зема апчињата веднаш по операцијата на која била подложена, откако еден снимател на сетот коментирал дека има надуени очи.

“Нормално дека имам отечени очи. Ако ги погледнете моите фотографии од детството, изгледам како да не сум спиела. Отсекогаш сум била таква. Ја снимивме сцената во судница, со високо поставено флуоресцентно осветлување. Зачекорив кон сетот и снимателот рече: “Јас не снимам денес. Нејзините очи се премногу подуени”. Бев преплашена и толку засрамена што после снимањето отидов на рутинска операција за отстранување на подочниците “, рекла актерката, која отишла на операција.

“Отидов на липосукција, ставив ботокс … И знаете што? Ништо од тоа не ми помогна”, рекла еднаш актерката за медиумите.