Цимерот од затворската ќелија на поранешниот хрватски премиер Иво Санадер, Јозо Шакиќ за хрватските медиуми изјавил дека тој бил многу досаден. Тој по цел ден ги разгледувал документите, не се дружел, па Јозо побарал да го преместат во друга ќелија.
“ Многу беше досаден. Не ни разговараше“ – рекол Шакиќ кој бил затворен бидејќи пијан, со возило усмртил девојче на велосипед.
Санадер не реагирал ниту на дофарлањата од другите затвореници. Дури некој од нив барале тој да им каже каде ги сокрил парите бидејќи тие пред него ќе излезеле од затвор.
“Ти фалат ли Бриони оделата? Каде ти се сега пријателите? – му дофрлале на почетокот затворениците.
Инаку, поранешниот хрватски премиер и поранешен лидер на Хрватската демократска заедница пред неколку дена повторно беше затворен откако Врховниот суд му ја зголеми казната од 4,5 години на 6 години за корупција.