Американецот кој во затвор лежел 45 години по грешка, за дело кое не го сторил, ќе добие 1.5 милион долари обештетување поради судска грешка.
Ричард Филипс (73) во 1972 година е осуден на доживотен затвор за убиство за кое уште од старт тој го негирал дека е виновен. Судот го осудил на основа на сведочење кое се покажало за неточно. Лани Филипс е ослободен по интервенција на програма на Универзитетот во Мичиген кој се занимава со исправување на судски грешки.
Инаку, тој се занимава со сликарство, а неговите дела се продаваат и по неколку илјади долари.
– Ќе патувам и ќе уживам во животот – рекол Филипс по одлуката за ослободување.