Лорен Имсех, палестинската претставничка на изборот за Мис Глобал 2022 година што годинава се одржува на Бали, избра интересен начин да испрати политичка порака.
Во делот на програмата каде натпреварувачките ја претставуваат традиционалната облека на нивната земја, Лорен се шета во затворска униформа и е покриена со панделки со натписи како „Слобода на Палестина“.
Таа напоменала дека со нетрпение чека вака да се прошета на модната писта, но дека тоа нема да се случи и дека мора да „одбере нешто друго“. „Оваа година повеќе се фокусирав на пораката отколку на самата облека. Затоа ја избрав облеката на палестински политички затвореник, за да покажам дека сите сме затвореници во нашата земја“, напишала таа.
Наместо во затворски комбинезон, Имсех прошета во костим инспириран од боите на палестинското знаме. „Црвената и црната ја претставуваат болката што нашиот народ ја чувствува секој ден, а белата и зелената го претставуваат мирот кон кој се стремиме. Маслиновите гранчиња и гулабите беа додадени затоа што ја симболизираат солидарноста и надежта на мојот народ“, напишала таа.
Лорен објавува и фотографии на Инстаграм каде позира со палестински и протестни симболи.