Ќерката на емирот на Дубаи, принцезата Латифа која во 2018 година безуспешно се обиде да побегне од емиратот во Персискиот залив, вели дека ја држат како заложник и дека стравува за својот живот, според видеоснимката која ја објави британскиот јавен сервис BBC.
„Се наоѓам во една вила. Затворена сум и оваа вила е претворена во затвор“, изјавила 35-годишната принцеза во видеото снимено со мобилен телефон во тоалет, бидејќи „тоа е единственото место каде што може да се заклучи“.
„Сите прозорци се заклучени, пет полицајци се надвор и две полицајки внатре. Секој ден стравувам за својот живот, полицајците ми рекоа дека целиот живот ќе бидам во затвор и дека никогаш нема да го видам сонцето. Секој ден ситуацијата е сѐ полоша“, продолжува 35-годишната ќерка на емирот Мохамед бин Рашид ал-Мактум.
Снимката која ја добиле пријателите на принцезата во вторникот вечерта ја објави BBC во емисијата „Panorama“. Властите на Дубаи засега воопшто не се огласија по оваа информација.
Латифа ал-Мактум во 2018 година во видеоснимка објавена на сервисот YouTube изјави дека сака да побегне од земјата. Со солзи во очите тогаш рече дека по првиот обид за бегство во 2002 година „три години татко ѝ ја мачел и ја држел затворена“.
Тоа видена беше објавено по неиспешниот обид за бегство со едрилица. Принцезата оттогаш не се појавуваше во јавноста.
Властите во Дубаи се огласи по аферата во април 2018 година и потврди дека прицнезата е „вратена во семејството и дека се чувстува добро“.
Во март 2020 година британското правосудство пресудри дека емирот на Дубаи го наредил грабнувањето на своите две ќерки Латифа и Шамса. Втората со 18-годишна возраст во 2000 годна се обиде да побегне од татко ѝ додека се наоѓаше во Англија. Принзезата Хаја, оја во 2004 година стана шестата сопруга на емирот, побегна во 2019 година во Лондон со нивните две деца.