Актерот Драган Спасов- Дац на својот Фејсбук профил вчера сподели статус во врска со најавата на министерот за здравство Венко Филипче дека операциите за промена на полот отсега ќе бидат на товар на Фондот за здравство, а нема да се плаќаат приватно како досега. Вчера овој статус беше хит на социјалните мрежи, а неговите следбеници го споделија повеќе од 1000 пати.
И се би било во ред да Дац сам го измислил статусот. Но, на „Твитер“ почна да се споделува оригиналниот статус, на српски, кој го напишал Желе Сатиратирац Јовановиќ,уште ви 2018 година.
За потсетување, Дац вчера јавно кажа дека е незадоволен што државата ќе дава пари за менување на полот наместо за лекување на болните.
„Тетка ми имаше проблеми со кичмата и требаше да се оперира ама операцијата беше прескапа. Затоа реши да си го промени полот бидејќи оваа операција ја покрива фондот. И понатаму ја мачи кичмата, ама сега ја боли кур. Ќути и трпи,“ напиша вчера тој. Но никаде не стави дека статиусот е земен од некого, туку „мудрата “ мисла си ја препиша на себе. „Со туѓи статуси ќе креваш чалами?“, му порачаа твитерџиите на глумецот.