Жозе Мурињо о одлучи да направи радикална промена со неговиот стајлинг. Имено, менаџерот на Тотенхем никогаш немал пократко издание на својата коса, а ако се прашувал тој, никогаш нема да дојдело до овој степен ако не заспиел на столчето кај својот фризер.
– Понекогаш сакам да го почувствувам ладното време на мојата глава и сакам да направам мала промена. Но, овојпат не беше така. Овојпат заспав на столчето, а кога се разбудив, беше толку лошо, што му кажав на фризерот да ја земе машинката и да потшиша со „кец“, со надеж дека мојата коса повторно ќе порасне, – со насмевка на лицето откри Жозе за „Скај Спортс“.