Најдобриот пријател на Џеј Рамадановски, кој почина денеска на 56 години, се огласи за српските медиуми.
Зоран Јагодиќ Руле кратко изјавил што се случувало во домот на пејачот.
-Почина, замина мојот брат. 25 години бевме нераздвојни. Заспа и не се разбуди. Пред еден час. Тука сум со ќерките, мора да видиме каква е процедурата. Се слушавме секој ден, не излегуваше од дома. Имаше лесна операција на срцето, срцето го издаде, изјавил кусо пријателот на Џеј.
Итната помош се обидела да го реанимира пејачот, но за жал безуспешно.
Инаки, во неговиот дом на Дорќол дојдоа многу пријатели за да му оддадал почит на кралот на народната музика, како што го нарекуваа на естрадата. Дел од нив се простија и со зборовите на песната „Недела“, хит што Џеј го испеа пред 28 години.
„Недела, сите сме тука, само со нас те нема, почивај во мир легендо“, „Нека те чуват ангелите“, „Ќе недостигаш“, се дел од пораките што ги оставија Ана Бекута, Марија Шерифовиќ, Тијана Дапчевиќ, Никола Роквиќ…
Фото: Пинк.рс