Министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција изјави дека засега нема промени во мерката полициски час.
-Иако во одредени градови се забележани зголемен број случаи на коронавирус, но и на хоспитализирани пациенти, со проширување на капацитетите сето ова е под контрола. Засега нема промени во мерката полициски час, односно тој останува активен од 22 часот до 5 часот следното утро, -вели Филипче.
Министерот потврди дека во изминатите 30 дена е забележано зголемување на новозаразени случаи. Ситуацијата ќе се следи и во следната недела, пред да се носат какви било дополнителни рестриктивни мерки.
Филипче информира и дека е донесена одлука да се разреши директорот на струшката болница Асани, и ќе се назначи нов во текот на денешниот или утрешниот ден