Обновен е дрворедот на улицата „Максим Горки“ со 18 нови јапонски цреши.Со помош на донација на ЕБОР дрвјата се купени од страна на вработените од Банката и денеска беа засадени од ЈП Паркови и зеленило.
Во петокот старите дрвја од овој вид беа исечени од страна на градските власти под изговор дека биле болни и опасни по безбедноста на минувачите.
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов рече дека се набавени вкупно 50 јапонски цреши.
„Во 2017 година е констатирана болеста на дрворедот на цреши. Затоа влеговме во набавка за нови јапонски црешки а нивниот животен век е 30-40 години. Сериозни инвестираме во зеленилото и за разлика од претходниците, не сечеме дрва за да градиме згради. Знаеме дека 70 отсто од зеленилото е уништено во проектот „Скопје 2014“, истакна Шилегов.
Инаку, освен на оваа улица ќе бидат засадени и на уште еден скопски булвар со есенската акција.