Компанијата Индитекс, сопственикот на Зара, планира да затвори дури 1.200 свои продавници ширум светот и да ја засили он-лајн продажбата која се зголеми по пандемијата на коронавирусот. Бројот на продавници ќе се намали на 6.700.
Најмногу продавници ќе се затворат во Азија и Европа, а сеуште се размислува што ќе биде со 107 продавници на Индитекс ширум Велика Британија.
На вработените ќе им се понудат други позиции, како дистрибуција на робата купена преку интернет.
Инаку, Зара ја забележа првата квартална загуба во своето постоење, откако продажбата за првите три месеци од 2020 им паѓа на 3,3 милијарди долари, споредено со 5,9 милијарди долари во 2020. Ваквата разлика во вкупен обрт, довела до квартална загуба од 409 милиони евра.