Хрватскиот министер, Вили Берош го потврди и вториот случај на коронавирус во Хрватска. Инфициран е и братот на дечкото кој вчера имаше позитивен наод – објави ХРТ.
Првиот пациент со коронавирус во Хрватска неколку дена пред откривање на оваа болест бил на стадионот „Сан Сиро“ во Милано следејќи го натпреварот помеѓу Аталанта и Валенсија во Лигата на шампионите. Со него бил и брат му кој е вториот заразен од коронавирус во Хрватска.
Од компанијата Ериксон Никола Тесла, каде е вработен, потврдија дека тој навистина бил присутен на „Сан Сиро“.
„Тој во средата, 19 феврури 2020, беше на годишен одмор во Милано, следејќи фудбалски натпревар. Потоа се врати в петокот на работното место во Загреб. Според информациите што ги имаме од неговото семејство, во неделата е примен во болница со симптоми на болеста, а дополнително е утврдено присуство на коронавирусот во неговиот организам“, се вели во соопштението на компанијата.