ЗАРАЗЕНИ ДУРИ ШЕСТ ФУДБАЛЕРИ: Коронавирусот се врати во Црвена Звезда

by Тони Зографски

Црвена Звезда на својата официјална страница објави дека шест фудбалери се позитивни на коронавирус, и истите ќе го прескокнат првиот дел од подготовките.

„Шест играчи на нашиот тим ќе минат две недели во карантин, автоматски нема да бидат на подготовките“, се вели во соопштението на Црвена Звезда.

Спиридоновиќ, Николиќ, Ераковиќ, Гобељиќ, Јовичиќ и Јованчиќ ќе бидат надвор од стројот.

Клубот соопшти И дека иако тестовите на фудбалерите биле позитивни никој од нив не покажувал симптоми.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com