Заради лоша инсталација изгоре целиот стан. Во моментот на пожарот во станот беше вклучен само фрижидерот, а момчињата заборавиле да исклучат полнач. Тој полнач се запалил поради лошата инсталација”… Ова на својот Инстаграм-профил го напишала Александра М., чиј стан во белградската населба Вождовац изгоре вчера, откако избувнал страотен пожар.
– Драги добри луѓе, фала му на Бога сите сме добро, напишала таа.
Пожарот избувнал во стан на седмиот кат во улицата „Војвода Степа“. Соседите рекле дека во тој стан живее семејство со два сина на возраст од 20 и 18 години, а децата излегле надвор непосредно пред да избувне пожарот.
Прво се запалила собата, а потоа се останато. Имаше многу чад, се уште се чувствува мирисот. Пожарникарите брзо дојдоа и го изгаснаа пожарот, но мислам дека е направена голема материјална штета. Важно е да се добро, вели сосед на ова семејство.
Дојавата за пожарот е добиена околу 19:50 часот, а на терен излегле пет противпожарни возила и 19 пожарникари.