Цената на билетите за натпреварот помеѓу екипите од Лос Анџелес, Лејкерс и Клиперс, „скокнале“ неколку пати по смртта на Коби Брајант. За тоа се потрудија поедини “навивачи“ на неговиот клуб, кој последниве часови скапо ги препродаваат билетите за следниот меч на Лејкерси на домашен терен.
Имено, знаејќи дека следниве денови во Лос Анџелес се ќе биде пододредено на испраќајот на трагично настраданата кошаркарска легенда, дел од поедини фанови на “езерџиите“ цените на картите за мечот со Клиперси, што се игра во среда, од 04 часот по средноевропско време, астрономски ги качиле. Така, најевтиниот билет скокна на 1.200 долати во последниот ред на салата. Тие кои ќе сакаат да бидат во близина до теренот ќе мораат да искешираат дури 28.050 долари.
Колку цените скокнале покажува и фактот дека за дел од следните мечеви на Лејкерс пред смртта на Коби Брајант чинеа од 84 до 6.000 долари.
Секако, вистинските фанови на Лејкерс се бесни, и на социјалните мрежи и жестоко го искритикуваа клубот кој дозволи ваква варирање на цените на билетите.