Австралиската интернет ѕвезда и една од најпознатите светски инфлуенсерки Наташа Окли деновиве ужива во капењето и сончањето на плажите во Сиднеј.
Папараците успеале да ја „фатат“ убавата русокоса во еден од таквите моменти, откривајќи дека изгледа нешто поинаку отколку на Инстаграм, иако сè уште е неверојатно секси и привлечна.
Наташа парадирала по плажата во минијатурно црно-бело бикини, покажувајќи го своето заносно тело и женствена фигура; нејзините бујни гради и заоблениот задник мамеле погледи.
Таа без срам го покажала и целулитот, но оваа мала несовршеност воопшто не го расипува целокупниот впечаток; сосема спротивно – сите знаеме дека нормалното женско тело често изгледа токму така.
Иако славната 34-годишна девојка несомнено е многу привлечна, сепак на своите фотографии на Инстаграм изгледа за нијанса поинаку и послабо, па изгледа дека ни таа не одолеала на магијата на Фотошопот.
Наташа, или скратено Таша, што е нејзиниот прекар на социјалните мрежи, својот пробив во светот на шоубизнисот и претприемништвото го започна во 2012 година. Тогаш, таа беше типична 22-годишна девојка која обожувала да поминува време на плажа и во костими за капење; и решила да го претвори во хоби – таа и нејзината најдобра пријателка Девин Бругман ги отпочнаа своите успешни инфлуенсерски кариери така што секојдневно се фотографираа една со друга во бикини.
Нивното хоби се претвори во многу ветувачка и успешна маркетинг платформа на Инстаграм која ги лансираше меѓу милионерите и познатите личности. Водена од тој успех, Таша започна низа други бизниси, меѓу кои линијата на костими за капење „Monday Swimwear“, бренд за накит, онлајн платформа за пилатес вежби… Денес нејзината империја вреди 63 милиони долари, а над 3,6 милиони луѓе ја следат на Инстаграм!
Оваа убавица во август минатата година се омажи за бизнисменот Тео Чејмберс на луксузна церемонија во Италија.