Запленети 90.000 шишиња вотка за Северна Кореја (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

90.000 шишиња руска вотка кои требало да бидат прошверцувани во Северна Кореја, запленети се во Ротердам. Вотката е откриена во ротердамското пристаниште, под трупот на еден помал авион кој се наоѓал на кинески товарен брод.

Холандскиот весник “Алгеме Дагблад“ го откри шверцот, а портпаролот на Царина Рал Велеман ја потврди информацијата.

Инаку, Северна Кореја е под санкции на Обединетите нации.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com