Поради сомнеж дека е сторител на кривични дела, по налог на скопското Јавното обвинителство, припадници на МВР вчера извршиле претрес во домот на сопственикот на порталот “Доказ”, објавија повеќе медиуми.
Компјутери, телефони, пари. Ова се само дел од работите кои се запленети од домот на Марјан Стаменковски, сопственик на порталот „ДоказМ“. За сето ова, Обвинителството најави детали за во текот на денешниот ден.
Стаменковски, против кого скопското Обвинителство добило повеќе пријави по кои постапува, ноќта ја поминал во полициска станица. Таму ќе биде задржан, се додека обвинителот не одлучи дали ќе бара од судот на Стаменковски да му бидат одредени мерки за обезбедување на присуство. Постојат и информации кои говорат дека додека траел претресот Стаменковски побарал медицинска помош, поради што била повикана Брза помош.
Стаменковски и е познат на јавноста и бидејќи неколку пати беше претепан, но и по контроверзните објави на неговиот веб-портал.