До касно во ноќта беа приведени осум лица во големата полициска акција на МВР која се одвиваше во скопските населби Сингелиќ, Арачиново и во близина на Битпазар.
Неофицијално, уапсени се членови на групата „Белана“, а пронајдена и запленета голема количина на дрога на сите локации каде што се вршеа претресите.
Во оваа криминална група некогаш припаѓаше и познатиот лихвар Џелал Ајети-Џело, кој беше убиен пред шест години, додека пак неговиот брат, Наим Ајети беше убиен минатата година на улицата „Рузелтова” во близина на ППС во Скопје.