Настанал пожар во комбе во Скопје од запалка што експлодирала од топлото време. Според МВР, немилиот настан е пријавен на 18.07. во 12.45 часот на улицата „Благоја Стефковски“ во Скопје.
Според пријавеното, пожарот настанал откако пукнала запалка оставена на совозачкото седиште, при што со повреди се здобил возачот З.Т.(62) од Скопје.
Притоа од пукнатата запалка се опожарил и помошен објект на улицата, сопственост на Т.Т.(49), како и патничко возило „тојота аурис“, сопственост на Б.Т од Скопје.
Пожарот бил локализиран, а увид извршила екипа на скопската полиција.