Запален автомобилот на Ѓорги Галетеновски, претседателот на СДСМ Скопје и екс директор на ЗОО

by Тони Зографски

Ноќеска, околу 3 часот по полноќ, целосно изгоре автомобилот на Ѓорги Галетановски – Чомбе, претседател на скопската организација на СДСМ и поранешен директор на Зоолошката градина.

Возилото било паркирано пред зградата во која живее во општина Кисела Вода. Граѓани слушнале детонации од пукнати гуми, а противпожарна екипа брзо интервенирала и го изгаснала огнот. Галетановски го потврди настанот.

Запалено возило во скопската населба Аеродром предизвикало пожар во кој биле зафатени уште два автомобили, соопшти СВР Скопје.

-Денеска (09.09.2025) во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Иван Козаров“ во Скопје опожарено било патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Ѓ.Г.(43) од Скопје, а од пожарот биле зафатени уште две патнички возила „опел“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Е.К.(30) од Скопје и „форд“ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.М.(47)

Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита. Повредени лица нема. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот, се наведува во соопштението.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com