Во интервју за Wired, Бил Гејтс даде свое предвидување за продолжување на приказната поврзана со коронавирусот. Тој смета дека оваа есен би можеле да се чувствуваме многу понормално.
„Очекувам работите да бидат далеку понормални наесен. Ќе бев шокиран ако во тоа време сè уште има голем број училишта што наставата ќе ја одржуваат од далечина. Сè уште треба да работиме на зголемување на стапката на прифаќање на вакцините во заедниците со ниски примања. Вакцинацијата е сè уште под стандардот. Затоа мораме како пример да покажеме на најпаметните луѓе како ја примаат вакцината и да потврдиме дека функционира“, посочува Гејтс кој првенствено ја коментираше ситуацијата во Америка, и посочи дека дури и да има пораст на бројот на вакцинирани, не може да се очекува итно враќање на „стариот пат“ поради ситуацијата во остатокот од светот.
„Остатокот од светот можеби ќе треба да почека до крајот на 2022 година пред да го достигне тоа ниво на вакцинација. Порано беа потребни 20. години за да пристигнат вакцините од богатите земји во земјите во развој. Значи, ситуацијата е подобра во моментот, но не е доволно добра“, заклучил Гејтс.