Пејачката Беби Дол , долго време ја нема во јавноста, а едно од последните нејзини појавувања во медиумите беше во емисијата „Сценирања“ на телевизија „Курир“ пред две години. Оттогаш многумина се прашуваат каде е и со што се занимава една од најголемите поп-ѕвезда на поранешна Југославија, пишува српски „Курир“.
Иако се шпекулираше дека Беби ќе учествува во реалното шоу „Задруга 6“, тоа не се случи, а приказните кои веќе подолго време кружат низ естрадните кулоари дека пејачката е во тешка финансиска ситуација, би можеле да бидат потврдени со фактот дека таа наводно неодамна била виден како зема храна во еднанародна кујна во Белград. Дури и еден од волонтерите кој работи во таа народна кујна потврдил дека пејачката ја видел неколку пати како јаде кај нив.
– Два-три пати доаѓаше овде да земе храна. Не сум сигурен дали го земаше оброкот за себе или за некој друг, бидејќи има случаи кога некој зема храна за некој што не може да дојде. Физички е многу сменета. Многу ослабела, се чини како едвај да стои на нозе. Ја препознав по косата и специфичниот глас. Навистина изгледаше тажно, рекол тој за медиумите во соседството.
Некои од пријателите на пејачката рекле дека веќе некое време не знаат ништо за неа и дека не се свесни оти пејачката е во толку лоша финансиска состојба за да мора да се храни во народна кујната.
– Загрижени сме за Беби. Доста е пропадната, семејните проблеми околу болеста на нејзината мајка и тетка оставија длабока трага на неа. Никој веќе некое време не е во контакт со неа. Во последно време му се посвети на семејството, тоа и беше приоритет. Многу се грижеше за мајка си Магдалена, која беше тешко болна, а потоа се разболе и нејзината тетка. Сè падна врз неа. Одеше од едната до другата. Нејзиниот живот стана многу хаотичен. Што се однесува до нејзиниот брак со Алекса, мислам дека се е во ред таму. Не се пожалила. Се чини, дека се збогуваше со музиката. Сега владеат некои трендови во кои таа не се снаоѓа. Се израдувавме кога ни кажа дека подготвува нова музика за Нова година, но како што можете да видите, ништо од тоа. Се надевам дека се ќе се реши и дека повторно ќе биде старата Беби, рекла нејзина пријателка.
Беби на нејзино инсистирање пред неколку години беше дел од реално шоу на Пинк. Таму го гледала единствениот спас за финансиските тешкотии со кои тогаш се бореше, па стапила во контакт со продуцентите и се понудила како натпреварувач бидејќи парите и биле итно потребни. Таа и нејзиниот сопруг тогаш останаа на улица бидејќи не плаќале кирија, па сопственикот на станот ги избркал.