Актуелниот заменик-министер за финансии и долгогодишен член на СДСМ, Димитар Ковачевски ќе биде идниот премиер на новата влада, дознава локално.мк.
Заев на средбата со лидерот на Алтернатива Африм Гаши, беше придружуван од заменик-министерот за финансии. Во медиумите изминатиов приод се шпекулираше дека Ковачевски може да биде идниот мандатар.
Според биографијата 47-годишниот Димитар Ковачевски е роден во Куманово. Доктор е на економски науки, вонреден професор на Факултетот за деловна економија и менаџмент на Универзитетот „Американ Колеџ“ Скопје. Тој е предавач на додипломските, постдипломските и докторските студии и е автор на голем број научни трудови од областа на економија и менаџмент објавени во меѓународни научни списанија и конференции.