Заменик генералниот секретар на Народното Собрание на Србија, Бранко Маринковиќ, е пронајден мртов денеска во својот дом во Белград, пренесуваат медиумите во Србија.
Неговото безживотно тело го пронашла сопругата околу 16 часот. Била почната и реанимација на Маринковиќ, но неуспешно.
Бранко Маринковиќ на функцијата заменик генерален секретар дојде на 24. октомври 2020 година.