Двајца дрогирани мажи пукале во полицијата која дошле да ги спасат станарите и доставувачот на храна, кого го зеле како заложник откако им донел ладен ќебап!
Пол Бартон (45) и Нејтан Тарнер (37) се уапсени откако пукале со воздушна пушка кон полициската патрола од нивниот стан во Бедфорд, Англија.
Осомничените, кои пиеле алкохол и консумирале наркотици, побарале од доставувачот да им ги врати парите бидејќи храната што им ја донел се изладила. Несреќниот човек го затвориле во лифтот, а дури по еден час го ослободиле, откако сопственикот на брза храна дошол да го спаси.
Во видеото кое се емитуваше во живо на Фејсбук, Бартон го обвини доставувачот дека задоцнил и ја заборавил салатата што ја нарачал, пренесува Дејли Меил.
Утрото околу 6 часот влегле во конфликт со сосетката која им заѕвонила на врата бидејќи музиката била прегласна. Отпрвин малку ја намалиле музиката, па повторно ја засилиле, а таа повторно се побунила, поради што и впериле пиштол кон неа.
Исплашена, верувајќи дека се работи за вистинско оружје, сосетката повикала полиција.
Кога тешко вооружените полицајци пристигнале на нивната врата, дрогираните мажи рекле дека нема да го напуштат станот.
„Ако влезе некој од вас, ќе биде мртов“, им се заканувале на полицајците.
После тоа пукале во патролното возило и го скршиле ветробранското стакло. За малку ќе раниле маж кој си одел дома по улица.
Застрашувачките снимки од еден од ходниците на зградата го покажуваат Тарнер како држи оружје слично на снајпер, опремено со телескопски нишан и пригушувач.
Тарнер продолжил да фрла боја и саксии од дворот, при што оштетил неколку автомобили.
На полицијата ѝ се предал околу 12:30 часот, а Бартон дури околу 18 часот.
Полицијата на крајот упаднала во станот и ја одземала воздушната пушка со која пукале, а во станот било пронајдено оружје.
Во станот бил пронајден и огромен питон, како и некои други влекачи.
Тарнер и неговиот придружник се обвинети дека го чинеле градот повеќе од 90.000 евра. Имено, речиси исто толку ќе ги чини даночните обврзници излегувањето на специјалците на терен и причинетата штета на полициското возило.