Кипарската манекенка Софија Хаџипантели, која е препознатлива по своите густи црни веѓи добила смртни закани поради нив. Како што вели оваа 22 годишна девојка која студира маркетинг, преку социјалните мрежи постојано добивала закани и навреди.
https://www.instagram.com/p/Bu6At4UhJ4V/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
“Добивам бројни смртни закани. Се трудам да не ги читам грдите коментари, но луѓето ми велат дека ги има многу”, открила Софија во емисијата Good Morning Britain и додала дека нејзиното момче Зек Апостолоу навистина ги сака нејзините веѓи.
“И тој имаше споени веѓи како моите. Очигледно е дека се плашам од своите веѓи па кога ме гледа дека тоа го правам секогаш се интересира”, рекла таа.
https://www.instagram.com/p/BuL9m62hRVL/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
https://www.instagram.com/p/BtG6ukxhgTx/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
Инаку, кариерата на Софија Хаџипантели започнала токму со боењето на веѓите. Имено, во 2014 година по грешка ги затемнила повеќе, а наместо да ги врати во првобитната состојба започна да се занимава со манекенство и поради веѓите добила договор со агенција.