Јелена Карлеуша конечно го покажа новото момче. Станува збор за познатиот белградски бизнисмен Владан Мариќ.
“Не запозна Дарко Костиќ во Будва. Освен што е згоден и убав, Владо ме освои со сензибилноста, префинетите манири и заштитничкиот став. Но, да не се лажеме…воопшто не му беше лесно да ме добие. Лавовски се бореше до последен момент за да го привлече моето внимание, истакна Карлеуша.
Како дополнителна предност во нивниот однос, пејачката стави акцент на хороскопските знаци, односно и двајцата се лавови во хороскоп, па смета дека поради ова одлично се сложуваат.
“Ние се разбираме со телепатија, па кога сме заедно уживаме во секоја ситница…сакаме исти работи, а и светот го доживуваме на идентичен начин. Не се криеме од јавноста, бидејќи нема зошто. Излегуваме баш често, истакна Јелена.