Од Албанија, која пред неколку дена беше потресена од силен земјотрес секојдневно доаѓаат тажни приказни.
Во градот Туман, спасувачите од под урнатините ги извлекоа телата на верениците Алмир Чаре и Стела Стенечи.
Тие останале заробени во станот, а освен нивните тела, било извлечено и телото на мало дете.
Според медиумите од Албанија, тие се обидувале да го спасат детето, но не успеале.
Албанските медиуми информираат дека пред две години, Стела го изгубила својот татко, а ноќта кога се случил катастрофалниот земјотрес, била со својот вереник Алмир.