Генералниот секретар на СДСМ и поранешен министер за земјоделие Љупчо Николовски и неговата сопруга Андријана Јакимовска, синоќа направија свадва на која биле присутни нивните роднини и пријатели. Меѓу гостите бил и целиот политички врв на СДСМ на чело со претседателот на партијата, Зоран Заев кој во еден момент бил и ороводец. На свадбата се преставиле и играорците ан КУД “ Танец’.
Инаку, Љупчо и Андријана кои се знаеле цел живот, бидејќи и двајцата се по потекло од ист град, и долги години биле заедно, минатата година во октомври се венчаше во интимна атмосфера во манастирот Јоаким Осоговски во Крива Паланка. Николовски ја запроси Андријана лани, кон крајот на месец јули во словенечкото гратче Порторож.