Иако пред средбата беа оптимисти за договор, по 7часа преговори, власта и опозицијата не најдоа заедничко решение за законот за Јавно обвинителство.
Според извори на Телма, од преговарачките тимови, власта и понудила на опозицијата да има две обвинителства кои би биле исти по ранг, едното да се вика обвинителство за висока корупција и да ги гони именуваните функционери, а шефот на ова обвинителство да го предлага опозицијата, што било неприфатливо за ВМРО ДПМНЕ. Ова обвинителств нема да може да има увид во предметот Рекет. Надлежноста би била времена, и со заштитни механизми при изборот.
Преговарачите не постигнале согласност ниту за статусот на обвинителите.
Неизвесно е дали ќе продолжат натамошните преговори на работните групи.