На синоќешното отварање на Дино-паркот во Скопје, освен премиерот Зоран Заев дојдоа и неколку министри со своите семејства.
Првиот вицепремиер Артан Груби, генералниот секретар Мухамед Зекири, министрите Венко Филипче, Мила Царовска, Бујар Османи, Фатмир Бесими и Крешник Бектеши, заедно со скопскиот градоначалник Петре Шилегов, вчеравечер беа првите посетители на новиот „Дино парк“ во Скопје.
Тие прошетаа низ новата туристичка атракција лоцирана веднаш до скопската Зоолошка градина, која од денеска е отворена и за „обичниот“ народ.
„Дино паркот“ има два влеза, еден од внатрешноста на Зоолошката градина и уште еден од страната на Градскиот парк, а билетот за влез ќе чини 50 денари.