Премиерот Зоран Заев, веќе е во Бугарија поради страшната несреќа на автопатот Струма. Во интервју за Бугарија ON AIR, премиерот рече дека ќе се сретне со седумтемина преживеани од трагедијата.
Тој вели дека успеал телефонски да разговара со едно од лицата сместени во болницата „Пирогов“.
“Тој рече дека слушнал експлозија. Тој и другите шест преживеани ги скршиле стаклата на автобусот и успеале да побегнат и да се спасат. Жртвите на трагедијата се млади луѓе на возраст од 25-30 години, има и 12 деца. Трагедијата е голема“, порача Заев.
Во оваа фаза од македонските власти не се очекува паралелна истрага.
„Им веруваме на нашите бугарски колеги. Доколку им треба помош, подготвени сме да им помогнеме во истрагата. Сега најважно е да видиме како да им помогнеме на настраданите“, рече Заев.
Премиерот на Северна Македонија, откако на лице место се запозна со состојбата на повредените, ќе се сретне со неговиот бугарски колега Стефан Јанев.
Заев е во Бугарија со министрите за здравство и за надворешни работи. Македонските власти веќе ги информираат роднините на загинатите.