На прашањето како го коментира Фејсбук статусот на поранешниот премиер Никола Груевски за странските инвестиции, Зоран Заев јавно го повика екс премиерот да си дојде дома и заедно да коментираат за идните развојни можности на земјата.
-Е златен ден сега вие ќе го расипете, нека дојде дома па ќе коментираме заедно , што да кажа друго ако нешто е позитивно и она што било добро, а е започнато од предходната власт ние го продолживме. Проектот Скопје 2014 не беше добар и затоа не се продолжи. Денес е слобода, демократија секој може да искоментира, па така и поранешниот премиер си коментира секојдневно, го повикувам да дојде дома и да ги искометираме идните развојни можности на државата, изјави Заев.
Инаку, Никола Груевски вчера во подолг Фејсбук статус меѓу другото напиша.
„Од се што се создавало како извозна индустрија во Македонија од секогаш па до 2007 година денес има еднаков вредност на извоз колку што е извозот на компаниите кои ги донесовме помеѓу 2007 и 2017 година во Македонија.
80% од нив се во зоните,20% надввор од нив. Вистинска штета е што новата власт по 2017 година не продолжи по истатата патека и со истата стратегија која беше поставена и успешно функционираше.
Ако ние донесовме над 100 странски компании, со веќе постигнатото, имаше услови да се донесат уште 200 за следните 4-5 години и тоа ќе значеше невработеност од само 5-6 осто во Македонија, што беше наша зацртана цел, и најмалку 50% а можеби и двојно повисок стандард од сегашниот, бидејки тогаш кога ќе снема работна сила по природен пат почнува да растат платитете на вработените насекаде, во услови кога понудата на работна сила е поголема од побарувачката“, посочува тој во материјал посветен на стопанството“.