Заев во македонски дрес сепак ги испрати репрезентативци пред полетувањето за Букурешт (ФОТО)

by Тони Зографски

Премиерот Зоран Заев облечен во македонски дрес им посака среќа на фудбалската репрезентација на Македонија на скопскиот аеродром.

-Фудбалската федерација на Македонија и претседателот Муамед Сејдини упатуваат искрена благодарност до Владата на Република С. Македонија и Премиерот, Зоран Заев за убавите зборови на поддршка за македонската репрезентација пред заминувањето за Букурешт, – објавија од ФФМ.

Неодамна премиерот Зоран Заев се пожали дека од ФФМ не му дозволуваат да се види со фудбалерите од македонската репрезентација и да ги поздрави пред историскиот настан. Од Фудбалската федерација тогаш му објаснија дека не може да дојде до нив поради протоколите на УЕФА.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com