Зоран Заев ќе ја предводи Владата и следните четири години, е договорено по средбата со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
-Денеска заедно со Али Ахмети имавме успешна работна средба на која ја потврдивме рамката за идната владина коалиција. Постигнат е договор за нова коалициска влад. Владата ќа ја предводам јас, како нејзин премиер во полн четиригодишен мандат. Ќе биде укината техничка влада и технички премиер, – истакна Заев.
На средбата, која се оддржа во клубот на пратеници, присуствуваа и генералните секретари на партиите, Љупчо Николовски и Артан Груби.