По официјалниот почеток на изградба на далекуводот Штип – Овче Поле премиерот Зоран Заев изјави вакцините од Фајзер ќе ги добиеме до крајот на март.
-Договорот од Фајзер стигна, во првиот квартал, тоа значи дека до крајот од март ќе ги добиеме првите 21.000 вакцини. Веќе имаме во вториот квартал поголеми количини. Не се работи за несериозност, заради тоа што единствена причини е недосттатокот на производство во делот на количини на вакцини за која било вакцина. Тоа е проблемот. Ние сме мала земја, сакам да го осигурам и му гарантирам на нашиот народ дека како Влада, како Министерство за здравство имаме направено повеќе од тоа што е доволно имајќи предвид дека ќе треба еден милион народ од прилика да се вакцинира за да ја постигнеме имунизацијата, за која би било потребно да има два милиона вакцини. Ние ако ги броите 800.000 Фајзер, 833.000 преку КОВАКС механизмот, 400.000 од Кина, 200.000 имаме нарачано од Русија, имаме дополнително од ЕУ согасно грантот од 70 милиони, донациите кои што дополнително ги најавија сите соседи стигаме до 2,5 милиони. Значи сме направиле исчекор повеќе за да ги фатиме сите механизми, сите алатки, да направиме договори, преддоговори, некаде дури и анекс да платиме се со конечна цел да преземе се што е неопходно. Јас верувам, како што реков пред некој ден, денови се во прашање, рече Заев на новинарско прашање во Штип.
Тој порача дека сите треба да се вакцинираат во државата, да се следат упатствата на МЗ, на Комисијата за заразни болести, на сите експерти затоа што вели, само на тој начин ќе ја совладаме пандемијата на Ковид – 19.