Премиерот Зоран Заев се обрати на прес конференција по недобивањето на датумот за преговори со Европската унија.
-Голема грешка на Европската унија. Разочаран сум и лут. Но, тоа е одлука на Европска унија поради нерешни внатрешни работи. Ја превзема одговорност и излегувам пред граѓаните. Потребен е ставот на граѓаните затоа нудам брзи избори, најбрзо што може, за граѓаните да одлучат по кој пат да одиме.Само граѓаните имаат мандат да одлучат по кој пат ќе одиме. Подготвен сум за нов целосен чист мандат-рече Заев кој навести дека со тој предлог ќе се претстави на утрешната лидерска средба кај претседателот Пендаровски.