Премиерот Зоран Заев синоќа беше во посета на Даунинг стрит 10, официјалната резиденција на британскиот премиер Борис Џонсон. Заев за неговата посета извести на својот Фејсбук профил.
”Downing 10″ синоќа беше ширум отворена за сите лидери од земјите членки на НАТО. Премиерот Борис Џонсон покажа одлично гостопримство за сојузниците од Алијансата, создавајќи топол предбожиќен амбиент во очи важниот лидерски НАТО состанок“, напиша Заев на Фејсбук.
Тој на фејсбук објави и фотографии од кои на едната, заедно со сопругата Зорица е покрај новогодишна елка, а тој во раката држи лампион на кој го пишува името на државата, Северна Македонија.