Заеви кај Курц на традиционалниот виенски бал  (ФОТО)

by Тони Зографски

Зорица и Зоран Заеви беа специјални гости на традиционалниот виенски бал на покана на австрискиот канцелар, Себастијан Курц. Премиерот Заев е единствениот кој Курц годинава го поканил како негов гостин на престижниот бал. Лани гостинка на Курц беше сомалиската авторка, активистка за човекови права и поранешен модел Варис Дирие.

Курц на својот твитер налог постави фотографија со млад пар учесници и изрази задоволство што се сретнал со Марија и Симон.

Виенскиот бал, заедно со новогодишниот концерт, се два врвни светски настани на кои присуствуваат гости од политиката, бизнисот, шоу бизнисот од целиот свет.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com